Опис
„Паметен“ автоматски котел
20-30 KW
дрвени пелети, агропелети
TOBY Smart 20-30
НОВО! Котелот TOBY Smart претставува технолошки унапредена верзија на етаблираниот основен модел TOBY прилагоден на согорување и на пелети со променлив квалитет.
TOBY Smart согорува и агропелети (пелет од слама ).
Како е тоа можно? Со помош на иновативно решение на горилникот на котелот не доаѓа до критичното задржување на несогорените честички. Котелот поседува автоматски систем на чистење како на горилникот така и на ложиштето од котелот.
Сигурност на системот: На системот за дозирање на пелетот од резервоарот до котелот е вграден е сигурносна клапна (затворач) која спречува самозапалување на пелетите во спиралата и ложиштето. Сигурносниот термостат на интерниот транспортер спречува повратен пламен. Сензорот за притисокот на ложиштето ја стопира работата на моторот за дозирање штом се отвори долната врата од котелот.
Ефикасност: Степенот на на искористенот е додатно зголемен и благодарејќи на ,ногу високата површина на цевниот изменувач на втората и третата промаја,како и со “сувата” комора за согорување во ложиштето на котелот. Во цевниот изменувач се сместени турбулатори изградени од спирален плочест лим со што додатно се подига ефикасноста на котелот. Чистењето на изменувачот е автоматско.
Квалитет: Казанот на ложиштето на котелот е составен од челичен котловски лим со дебелина 5 мм, додека останатите страници од котелот кои не се во контакт со огинот , дебелина 4 мм.
Опционо: Регулација на согорување со помош на ламбда сонда (контрола на концентрацијата на кислородот во ложиштето и оптимално согорување).
Опционо:Можност за поврзување на котелот преку пат на безжична конекција на интернет; далечинско палење и контрола преку пат на апликација на мобилниот телефон.
За повеќе информации контактирајте ја нашата служба.
Мислења
There are no reviews yet.