TEMY PLUS

Опис

Котелот-Штедлив е наменет за етажно греење на простории и за истовремено варење. Уредот е многу едноставен за користење и ракување.

Чадоводниот излез е оставен на горната страна на грејната плотна како и од бочната страна на котелот. На тој начин на купувачот е оставено каде ќе го поврзе котелот на оџакот со што се олеснува сместувањето на котелот-штедлив во просторијата со максимална флексибилност.

Рамката на горната и долната врата е изработена од сив лим. Горната врата на ложиштето од огноотпорно стакло кое е самочистливо благодарение на отворот за проветрување на истиот.

Големиот волумен на котловската вода во ложиштето (65 литри за моделот 30 KW) гарантира сигурна функционалност на производот како котел за централно греење. Сериски уградениот автоматски регулатор на промаји, термоманометар како и спиралниот бакарен изменувач за вградба на термичкиот осигурач се додатни делови кои се испорачуваат со овој котел.
Треба да се напомене дека котелот нема изолација така да топлината се предава и со директно зрачење кон околината (околу 1 kW). Оддавањето на топлина кон грејната плоча ознесува околу 4 kW . Остатокот се предава на инсталацијата на централното греење.

Топлотната моќност важи за цепаници од дрво мин.калоријска моќност 15 MJ/kg.
котелот поседува летен ,зимски и комбиниран режим на работење.

ТИПTEMY PLUS 12TEMY PLUS 18TEMY PLUS 30
Вкупна моќност12 kW18 kW30 kW
Моќност предадена кон инсталацијата9 kW13 kW25 kW
Ширина (mm)710710710
Висина (mm)810960910
Длабочина (mm)700770800
Потребна промаја (Pa)131415
Поминувачки  /Повратен вод (col)1“1“1“
Тежина (kg)189210225
Отвор на димњачата  (mm)ø118ø128ø148
Волумен на казанот31 lit40 lit65 lit
Макс.работен притисок2 bar2 bar2 bar

 

Мислења

There are no reviews yet.

Be the first to review “TEMY PLUS”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *