Опис
Котелот на тврдо гориво е наменет за согорување на цепаници од дрво, брикети со можност на користење на црн јаглен
Челичното ложиште е двопромајно со рост од воденорасхладни цевки:подобро согорување и помала потрошувачка!
Големата горна врата од котелот како и самото ложиште се посебно прилагодени за ложење на цепаници од дрво.
Котелот е изработен од челичен лим со оптимална дебелина која гарантира долг работен век и отпорност на високи температури. Дебелината на лимот на TERMOMONT котлите е 5mm, освен деловите што се помлаку изложени на термички деформации кои се со дебелина 4mm
Регулацијата на котелот при користење тврдо гориво е преку промајниот регулатор (не е составен дел од котелот).
Составни делови на котелот го сочинуваат пепелникот , чешелот на ложиштето , прибор за чистење и термометар.
Котелот поседува вграден термостат за пумпата
Испитување на котелот е извршено на притисок од 6 bar-а.
Котелот е погоден за понатамошна вградба на горилникот на дрвен пелет BIOTERMEC.
Оплатата на котелот и казанот на котелот се испорачуваат одвоено и монтираат на лице место
TIP | 20 | 25 | 30 | 35 | 40 | 50 |
Моќност на котелот (KW) | 20 | 25 | 30 | 35 | 40 | 50 |
Тежина (kg) | 282 | 291 | 310 | 336 | 362 | 384 |
Потребна промаја (mbar) | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 25 |
Макс.работна температура (°C) | 90 | 90 | 90 | 90 | 90 | 90 |
Макс.работен притисок (bar) | 3 | 3 | 3 | 3 | 3 | 3 |
Волумен на казанот (lit) | 98 | 100 | 105 | 115 | 120 | 125 |
Висина (mm) | 1210 | 1210 | 1210 | 1210 | 1210 | 1210 |
Ширина (mm) | 525 | 525 | 570 | 620 | 670 | 670 |
Длабочина (mm) | 1080 | 1080 | 1120 | 1120 | 1120 | 1120 |
Пречник на димњачата (mm) | 160 | 160 | 160 | 180 | 180 | 180 |
Висина на димњачата (mm) | 947 | 922 | 942 | 927 | 912 | 912 |
Поминувачки /Повратен вод (col) | 5/4 | 5/4 | 5/4 | 5/4 | 5/4 | 5/4 |
Внатрешен пречник на оџакот (mm)* | 200 | 200 | 200 | 200 | 200 | 200 |
Висина на оџакот (m)* | 6-7 | 7-8 | 7-8 | 8-9 | 9-10 | 10-12 |
Површина за загревање (m²)* | <120 | 120-150 | 150-180 | 180-210 | 210-240 | 240-300 |
* Податокот е од информативен карактер.
Мислења
There are no reviews yet.