Опис
Котлите TOBY се наменети исклучиво за сместување во котларница. Поседуваат топлотна изолација така да најголемиот дел од својата топлотна енергија ја предаваат на инсталацијата на централно греење.
Ознаката B значи дека димензиите на котелот се посебнио прилагодени за сместување во помали простории или каде е проблем да котелот помине низ одреден тесен премин и слично.
Моделот 12 постои како СЕТ изведба. Сите елементи на котларницата се веќе вградени во котелот: Циркулациона пумпа, експанзиона посуда, сигурносен вентил и озрачно лонче. Моделот 20 нема СЕТ изведба, делови од котларницата не се веќе вградени во котелот
Како и кај стандарните TOBY котлите 20-30-50 ложиштето на котелот работи на сличен принцип на потпритисок: тоа е во депресија (потпритисок) со ригорозна количина на потребниот воздух , резултатите од согорувањето се оптимални.
Сите процеси се автоматски (палење, согорување, гасење на горилникот). Контрола на согорувањето е повеќестепенска со помош на работен режим на минимална моќност (модулација). Котелот се одликува со твика работа.
Внатрешниот казан на котелот е составен од челичен котловски лим со дебелина 5 мм, додека останатите страници од котелот кои не се во контакт со огинот , дебелина 4 мм.
Доводот на пелети од резервоарот е преку пат на интерниот транспортер сместен во резервоарот и потоа преку слободниот пад низ соодветната цевка до горилникот. На тој начин, резервоарот на пелети и ложиштето на котелот се физички потпоно одвоени и немаат меѓусебна механичка врска со што се оневозможува пренос на пламенот кон резервоарот на котелот. За секој случај сигурносниот термостат на интерниот транспортер спречува евентуален повратен пламен
Чистењето на котелот е сведено на апсолутен минимум кога е во прашање тврдо гориво, се на се еднаш неделно
Котелот TOBY ги исполнува најстрогите еколошки побарувања кога се во прашање емисијата на штетни честички (атестиран е на Машинскиот факултет во Ниш,Србија ). Сите емисиони вредности се во рамки на референтните вредности на највисоката класа на котли (класа 5).
Сигурносниот термостат на интерниот транспортер го спречува повратен пламен. Сензорот за притисок на ложиштето ја стопира работата на моторот и дозирањето штом се отвори долната врата од котелот.
ТИП | TOBY 12 B | TOBY 17 B | TOBY 21 B | TOBY 30 B |
Вкупна моќност | 12,3 kW | 19.5kW | 21.2 kW | 31.1 kW |
Моќност предадена кон инсталацијата | 3,6 kW – 12,3 kW | 4,8 kW – 19,5 kW | 6,3 kW-21,2 kW | 9,6 kW – 31,1 kW |
Потрошувачка на пелети на мин.моќност | Min 0,8 kg/h | Min 1,1 kg/h | Min 1,2 kg/h | Min 2,1 kg/h |
Површина на греење (проценка со резерва ) | До 80 м2 | До 125 м2 | До 150 м2 | До 250 м2 |
Потрошувачка на пелети на макс.моќност | Max 2,8 kg/h | Max 3,9 kg/h | Max 4,2 kg/h | Max 6,9 kg/h |
Ширина (mm) | 565 | 615 | 635 | 735 |
Висина (mm) | 1465 | 1465 | 1525 | 1525 |
Длабочина (mm) | 725 | 775 | 905 | 905 |
Висина на одводот на димните гасови (mm) | 190 | 190 | 190 | 190 |
Поминувачки / Повратен вод (col) | 1“ | 1“ | 1“ | 1“ |
Тежина (kg) | 190 | 210 | 265 | 290 |
Волумен на резервоарот | 80kg | 90kg | 100kg | 125kg |
Отвор на димњачата (mm) | ø80 | ø80 | ø80 | ø80 |
Довод на воздух (mm) | ø50 | ø50 | ø50 | ø50 |
Волумен на казанот | 33 lit | 41 lit | 58lit | 78lit |
Изл.температура на димни гасови | <160 ºC | <160 ºC | <160 ºC | <160 ºC |
Потрошувачка на ел.енергија при палење | 400W | 400W | 400W | 400W |
Потрошувачка на ел.енергија во тек на работење | 100W | 100W | 100W | 100W |
Електрично напојување | 220V 50Hz | 220V 50Hz | 220V 50 Hz | 220V 50 Hz |
Степен на корисност | >90% | >90% | >90% | >90% |
Мислења
There are no reviews yet.