Опис
Компактен котел за согорување на дрвен пелет по принципот на подпритисок 20-50 KW
КАРАКТЕРИСТИКИ
- Котелот TOBY претставува во еколошки и технички поглед најприфатливо и најефикасно решение за греење на дрвен пелет присутно на нашето тржиште.
- TOBY котлите се со допадлив изглед и компактна димензија и како такви се наменети било за сместување во самите стамбени простории (12 KW), било во посебни простории-котларници (20-50 KW).
- Ложиштето на котелот е во депресија (потпритисок) со ригорозна контрола на количината на потребен воздух, резултатите од согорувањето се оптимални.
- Сите процеси се автоматски (палење, согорување, гасење на горилникот). Контрола на согорувањето е повеќестепенска со помош на работен режим на минимална моќност (модулација). Котелот се одликува со тивка и безшумна работа. Регулацијата на котелот се врши со помош на панел осетлив на допир (touch screen).
- Внатрешниот казан на котелот е составен од челичен котловски лим со дебелина 5 мм, додека останатите страници од котелот кои не се во контакт со огинот , дебелина 4 мм.
- Степенот на корисност е додатно зголемен (дo 94% во однос на димните гасови ) и благодарениена многу високата површина на цевниот изменувач на втората и третата промаја. Најновата верзија поседува и турбулатори од флахест (наместо жичан) лим, со што додатно се крева ефикасноста. По степенот на кориснот не може да се мери со горилникот на пелет, благодарение на ложиштето кое е прилагодено ислучиво на работа на пелет, годишната заштеда на гориво е до 15%.
- TOBY е идеална дополнување за пелет во системот каде веќе постои котел на тврдо гориво. Резервоарот за пелети се наоѓа над ложиштето така да зазема минимален простор.
- Доводот на пелети од резервоарот е преку пат на интерниот транспортер сместен во резервоарот и потоа преку слободниот пад низ соодветната цевка до горилникот.
- На интерниот транспортер е монтиран сигурносен термостат кој спречува евентуална појава на повратен пламен. Покрај тоа од бочната страна постои отвор кој се активира во случај на неочекуван натпритисок во ложиштето. Котелот поседува и сензор за притисок во ложиштето, кој со отворање на вратата од котелот за време на работа на котелот, сензорот ќе го стопира моторот т.е. дозирањето на пелети и ке го исфрли алармот.
- Чистењето на котелот е сведено на апсолутен минимум кога е во прашање тврдо гориво, се на се еднаш неделно, со исклучително квалитетен пелет на секои 15 дена.
- Котелот TOBY ги исполнува најстрогите еколошки побарувања кога се во прашање емисијата на штетни честички, атестиран е во Италија. Сите емисиони вредности се во рамки на референтните вредности на ниво на Европската унија со што ги исполнува условите за субвенционирање од страна на поедини држави и регии.
- На сликата горе лево е прикажан модел во црна боја, достаpни се црвена и бела боја.
ТИП | TOBY 20 | TOBY 30 | TOBY 40 | TOBY 50 |
Вкупна моќност | 24.7 kW | 31,7 kW | 40 kW | 50 kW |
Површина на греење (проценка со резерва ) | До 210 м2 | До 320 м2 | До 430 м2 | До 550 м2 |
Потрошувачка на пелети на мин.моќност | Min 1 kg/h | Min 2,18 kg/h | Min 2,7 kg/h | Min 3,2 kg/h |
Потрошувачка на пелети на макс.моќност | Max 4.9 kg/h | Max 7,17 kg/h | Max 8,8 kg/h | Max 10,0 kg/h |
Ширина (mm) | 974 | 1144 | 1194 | 1194 |
Висина (mm) | 1385 | 1485 | 1535 | 1585 |
Длабочина (mm) | 694 | 694 | 724 | 804 |
Висина на одводот на димните гасови (mm) | 975 | 975 | 1125 | 1175 |
Поминувачки / Повратен вод (col) | 1“ | 5/4“ | 5/4“ | 6/4“ |
Тежина (kg) | 298 | 338 | 398 | 470 |
Волумен на резервоарот (kg) | 120 | 150 | 180 | 200 |
Отвор на димњачата (mm) | ø120 | ø120 | ø120 | ø120 |
Довод на воздух (mm) | ø50 | ø50 | ø50 | ø50 |
Волумен на казанот | 62 lit | 80 lit | 98 lit | 114 lit |
Изл.температура на димни гасови | <160 ºC | <160 ºC | <160 ºC | <160 ºC |
Максимален работен притисок | 3 bar | 3 bar | 3 bar | 3 bar |
Потрошувачка на ел.енергија при палење | 400W | 400W | 400W | 400W |
Потрошувачка на ел.енергија во тек на работење | 100W | 100W | 100W | 100W |
Електрично напојување | 220V 50 Hz | 220V 50 Hz | 220V 50 Hz | 220V 50Hz |
Степен на корисност | >90% | >90% | >90% | >90% |
Мислења
There are no reviews yet.