Опис
TEMY PLUS P 20 представува потполно нов и редизајниран котел-шпорет како по конструкција така и по надворешен дизајн на производот.
Намена на овој произовд е иста како и неговиот претходник за етажно греење на простории и за истовремено варење и печење. Уредот е многу едноставен за користење и ракување.
Надворешен дизајн на котелот : Рамката на вратата од ложиштето и вратата од рерната е изработена од сив лим-со огноотпорно стакло во средина. Рамката на грејната плоча е изработена од сив лим. Рерната е изработена од похромиран лим со соодветен квалитет.
Внатрешна конструкција на котелот : Котелот е потполно редизајниран како би се обезбедила максимална ефикасност на согорување (преку 80%) со минимална емисија на штетни гасови (котелот ги исполнува строгите услови на гермаснката регулатива од 2015 год.). Котелот поседува дури 3 отвора за доток и контрола на воздух за согорување: примарен, секундарен и терцијарен воздух.
Чадоводниот излез е оставен на горната страна на грејната плотна како и од бочната страна на котелот.На тој начин на купувачот е оставено каде ќе го поврзе котелот на оџакот со што се олеснува сместувањето на котелот-штедлив во просторијата со максимална флексибилност.
Големиот волумен на котловската вода во ложиштето гарантира сигурна функционалност на производот како котел за централно греење. Сериски уградениот автоматски регулатор на промаји, термоманометар како и спиралниот бакарен изменувач за вградба на термичкиот осигурач се додатни делови кои се испорачуваат со овој котел.
Треба да се напомене дека котелот нема изолација така да топлината се предава и со директно зрачење кон околината (околу 1 kW) како и рерната (2 KW) . Оддавањето на топлина кон грејната плоча ознесува околу 2 KW. Остатокот се предава на инсталацијата на централното греење. (15 KW). Топлотната моќност важи за цепаници од дрво мин.калоријска моќност 15 MJ/kg.
котелот поседува летен ,зимски и комбиниран режим на работење. За сега овој модел се произведува исклучиво во “десна оријентација”.
TIP | TEMY PLUS P 20 |
Вкупна моќност | 20 KW |
Моќност предадена кон инсталацијата | 15 KW |
Ширина (mm) | 1160 |
Висина (mm) | 890 |
Длабочина (mm) | 705 |
Потребна промаја (Pa) | 14 |
Поминувачки /Повратен вод (col) | 1“ |
Тежина (kg) | 310 |
Отвор на димњачата (mm) | ø148 |
Волумен на казанот | 22 lit |
Макс.работен притисок | 3 bar |
Димензии на рерната | 350 x 230 x 405 mm |
Излезна температура на димни гасови | 212 ºC |
Ефикасност | 80,56 % |
CO (13% O2) | 0,0929 % |
NOx | 99,0 mg/m3 |
TOC (OGC) | 17,64 mg/m3 |
Прав | 27,91 mg/m3 |
Мислења
There are no reviews yet.