Опис
Котелот-Штедлив е наменет за етажно греење на простории и за истовремено варење. Уредот е многу едноставен за користење и ракување.
Чадоводниот излез е оставен на горната страна на грејната плотна како и од бочната страна на котелот. На тој начин на купувачот е оставено каде ќе го поврзе котелот на оџакот со што се олеснува сместувањето на котелот-штедлив во просторијата со максимална флексибилност.
Рамката на горната и долната врата е изработена од сив лим. Горната врата на ложиштето од огноотпорно стакло кое е самочистливо благодарение на отворот за проветрување на истиот.
Големиот волумен на котловската вода во ложиштето (65 литри за моделот 30 KW) гарантира сигурна функционалност на производот како котел за централно греење. Сериски уградениот автоматски регулатор на промаји, термоманометар како и спиралниот бакарен изменувач за вградба на термичкиот осигурач се додатни делови кои се испорачуваат со овој котел.
Треба да се напомене дека котелот нема изолација така да топлината се предава и со директно зрачење кон околината (околу 1 kW). Оддавањето на топлина кон грејната плоча ознесува околу 4 kW . Остатокот се предава на инсталацијата на централното греење.
Топлотната моќност важи за цепаници од дрво мин.калоријска моќност 15 MJ/kg.
котелот поседува летен ,зимски и комбиниран режим на работење.
ТИП | TEMY PLUS 12 | TEMY PLUS 18 | TEMY PLUS 30 |
Вкупна моќност | 12 kW | 18 kW | 30 kW |
Моќност предадена кон инсталацијата | 9 kW | 13 kW | 25 kW |
Ширина (mm) | 710 | 710 | 710 |
Висина (mm) | 810 | 960 | 910 |
Длабочина (mm) | 700 | 770 | 800 |
Потребна промаја (Pa) | 13 | 14 | 15 |
Поминувачки /Повратен вод (col) | 1“ | 1“ | 1“ |
Тежина (kg) | 189 | 210 | 225 |
Отвор на димњачата (mm) | ø118 | ø128 | ø148 |
Волумен на казанот | 31 lit | 40 lit | 65 lit |
Макс.работен притисок | 2 bar | 2 bar | 2 bar |
Мислења
There are no reviews yet.